Митревски подобар од Даскаловски во романската пресметка

Во „македонската“ пресметка за 5.место во првенството на Романија, Никола Митревски и Велко Марковски со тимот на Констанца славеа гостинска победа против Темишвар (22-23) на чиј гол е Златко Даскаловски.

Митревски беше еден од клучните играчи на Констанца за оваа „брејк“ победа која им носи значајна предност во разигрувањето за пласман и шанса во следниот меч на домашен терен да го освојат 5.место. Двоцифрен учинок имаше и Даскаловски со 11 одбрани на голот на Темишвар.

Велко Марковски беше стандарден во својата дефанзивна улога во составот на Констанца.

Во борбата за титулата во Романија, Динамо Букурешт го доби првиот меч од финалната серија против Стеауа на гостински терен со 25-27.

Се вчитува...