Митровиќ го постигна невозможното, со постигнати 43-ти гола влезе во историјата на англискиот фудбал

Нереален успех испиша српскиот репрезентативец Александар Митровиќ, кој како предводник на Фулам стана најдобар стрелец во една сезона во историјата на Чемпионшип-дивизијата. Фулам се избори за титулата во Чемпионшип-дивизијата, откако во 45. коло го пречека Лутон, демолирајќи го противникот со 7-0.

Иако Лутон пристигна како шестопласиран на табелата, Фулам покажа зошто е најдобар оваа сезона. Во првите 45 минути постигнаа два гола, преку Том Карни и Кенија Тете, а во вторите Фабио Карваљо зголеми на 3-0, пред да стапи на сцена Митровиќ.

Во 62. минута Србинот по четврти пат го совлада противничкиот голман и на тој начин стигна до 42. гол сезонава, со што се израмни со Гај Витингем, легендата на Чемпионшип, кој исто така постигна 42 гола во дресот на Портсмут во 1992 година.

Митровиќ не сакаше да чека нов натпревар, па во втората минута од судиското надополнување погоди за вкупни 7-0 и дефинитивно влезе во историјата на англискиот фудбал, како прв што постигнал 43 гола во една сезона откако вториот ранг на натпреварување во фудбалска Англија го носи називот Чемпионшип.

Се вчитува...