Митровиќ: Ја признавам грешката, но во мојот живот никогаш не се каам за ништо

Напаѓачот на српската репрезентација Александар Митровиќ ја одлежа суспензијата од осум натпревари и постигна гол во победата на неговиот Фулам над Саутемптон 2-0 уште во првиот натпревар по неговото враќање.

Капитенот на Фулам 54 дена беше без официјални натпревари поради инцидентот со судијата Крис Кавана на натпреварот од ФА Купот против Манчестер Јунајтед на 19. март.

„Јасно е дека не требаше да реагирам така. По неколку дена разговарав со судијата и му објаснив дека тоа не е ништо лично. Важно ми е да е свесен за тоа. Тоа беше само реакција во моментот. Таков сум на натпреварите, емотивен. Многу ми е грижа за овој клуб и секогаш сакам да победуваме. Не се контролирав, згрешив и ја прифатив казната, но не се каам“, истакна Митровиќ.

Се вчитува...