Митровиќ не запира, Фулам подобар од Брајтон, Брентфорд се спаси во последен миг (ВИДЕО)

Фулам дојде до трите бода во дуелот со Брајтон, додека Кристал Палас одигра нерешено со Брентфорд.

Брентфорд успеа да дојде до бод во дуелот со Кристал Палас во последните мигови од мечот. Прекрасен гол на Вилфред Заха во 59. минута со кој Палас дојде до водство, а во 88. минута Виса постигна гол и донесе бод. Брентфорд имаше шанси дури и за пресврт, но на крајот голманот Гуаита успеа да спаси и да не дозволи гостинска победа. На една минута пред крајот Брентфорд ја погоди и пречката.

Фулам повторно на „крилата“ на Митровиќ, стигна до триумф над Брајтон. Србинот во 48. минута донесе водство за домашните, а автоголот на Данк донесе 2-0. МекАлистер од пенал во 59. минута само успеа да намали.

Се вчитува...