Митровиќ повторно го „пецна“ Роналдо: Кристијано ми должи дрес!

Српскиот интернационалец Александар Митровиќ имаше неверојатна сезона во дресот на Фулам во која беше најголем виновник за враќање на клубот од Лондон во Премиер-лигата.

Србинот урна неколку рекорди сезонава меѓу кои и рекордот за постигнати голови во Чемпионшип. Тој по освојувањето на титулата во второто по ранг натпреварување во Англија повторно искористи шанса да го „пецне“ Кристијано Роналдо.

„Сакам да разменам дрес со Роналдо ако тој остане во јунајтед. Се уште ми должи, бидејќи имавме договор на последниот натпревар меѓу Србија и Португалија. Јас постигнав гол со кој се пласиравме на Светското првенство. Да не се лажеме тој е најдобар фудбалер во светот“, изјави Митровиќ.

Се вчитува...