Митровски ја зеде топката по хет-трикот: Ова ќе ми биде драг спомен засекогаш! (ФОТО)

Стрелецот на три гола за Македонија во триумфот од 7-1 против Фарските острови, Димитар Митровски по натпреварот не дозволи да замине без да ја земе топката со која го запиша својот прв хет-трик во националниот дрес.

„Ова ќе ми биде навистина драг спомен засекогаш! Навистина одигравме одличен натпревар, не можевме да посакаме подобар старт во квалификациите. Оваа победа дефинитивно ќе ни биде голем мотив за продолжението од квалификациите низ кои секако ќе атакуваме на пласман на Европско првенство“ – ни изјави Митровски по натпреварот на тренинг центарот на ФФМ.

Покрај Митровски, два погодоци на дуелот постигна Дарко Чурлинов а по еден Даци и Личина.

Се вчитува...