Мицевски: Имам трема, но не чувствувам притисок што морам да ги заменам Елмас, Барди, Адеми…

Фудбалерот од средниот ред на Вардар, Дарко Мицевски ќе мора да биде едно од решенијата на селекторот Игор Ангеловски за стартниот тим против Ерменија во последното коло од Лигата на нации кое ќе одлучува за наш прогресот во Б-лигата следната сезона.

Мицевски, по пристигнувањето на Кипар каде ќе се игра дуелот со Ерменците, вели дека не чувствува никаков притисок што ќе мора да биде замена за еден Елмас, Барди или Адеми…, но носи еден вид позитивна трема.

„Не чувствувам притисок од тоа што ќе мора да ги заменам Елмас, Адеми или Барди во средниот ред. Можеби само позитивна трема. Сепак, за секој фудбалер е огромна чест да биде дел од националниот тим, посебно и од тим кој обезбедил настап на Европско првенство. Мора да признам дека се чувствувам одлично и тука сум да помогнам. Ова е само втор повик за мене и ќе се потрудам да ја искористам шансата. Иако ќе играме со комбиниран состав верувам дека секој од нас ќе го даде максумумот за да дојдеме до посакуваната цел“ – изјави Дарко Мицевски пред денешниот тренинг во Никозија.

Се вчитува...