Мизерните „кралеви“ се поклонија пред Барди и Леванте

Резултатската криза на Реал Мадрид уште повеќе се продлабочи откако „кралевите“ попладнево загубија со 1-2 од Леванте, во натпревар што речиси сигурно ќе биде последен за Хулен Лопетеги на клупата на „кралскиот клуб“. Иско се врати во стартниот тим, по повредата „фит“ беше и Герет Бејл, но ниту овие двајца асови не му помогнаа на Реал да го избегне срамниот пораз на овој натпревар од нашиот Енис Барди и неговите соиграчи, кои одиграа храбро на „Сантијаго Бернабеу“.

Мечот беше решен по само 13 минути игра, во кои Леванте поведе со 0-2по двете грешки на Рафаел Варан, кој е директен виновник за двата гола на Леванте, при првиот со лоша проценка на движењето на топката и на противникот, а при вториот со играње со рака за пенал.

Главниот судија најпрвин досуди слободен удар на работ од шеснаесетникот што требаше да го избеде Енис Барди, но по прегледување на снимката со ВАР беше покажано на белата точка. Реал неколку минути подоцна постигна гол, по судиските консултации со помошникот истиот беше признаен, но повторно ВАР-одлуката беше контра Реал, па погодокот беше поништен поради офсајд на Асенсио.

Реал тргна во целосна офанзива во второто полувреме, уфрлени беа и Бејл и Бензема, но се што „кралевите“ успеаја да сторат беше голот на Марсело, прв по пауза од 481 минута игра, најдолг пост без постигнат погодок во историјата на најтрофејниот европски клуб.

 

But de José Luis Morales qui permet à Levante d’ouvrir le score contre le Real #realmadridlevante #LevanteUD #RealMadrid pic.twitter.com/6TReatpkGX

— actufoot123 (@Actufooot123) October 20, 2018

 

Се вчитува...