Македонската кошарка синоќа беше сведок на нови несакани инциденти на првиот меч од полуфиналната плејоф серија меѓу Работнички и Карпош Соколи. Поради ’дивеење’ на домашните фанови, натпреварот е прекинат по завршувањето на третата четвртина, при резултат 60-67, а ќе се доигра денеска, со почеток во 19 часот, без присуство на публика.
Земајќи ги предвид случувањата на натпреварот помеѓу екипите на Работнички и на Карпош Соколи, МКФ до јавноста го испрати заклучокот кој беше донесен на состанокот помеѓу Комесарот за натпреварување Владо Цветковски, претставниците на клубовите кои се натпреваруваат во плејофот како и официјалните лица делегирани за овие натпревари. Таму јасно стои дека сите се сложиле да се гарантира максимална безбедност на учесниците на натпреварот и при секој инцидент мечот ќе биде прекинат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА