Мкхитарјан го продолжи договорот со Рома до јуни 2022

Ерменецот Хенрик Мкхитарјан има извонредна полусезона во дресот на Рома по пристигнувањето од Арсенал изминатово лето.

Но, она што беше интересно е што 31-годишниот Ерменец потпиша само едногодишен договор со римјаните. Мкхитарјан имаше опција во јуни да ја напушти Рома, но од римскиот клуб направија се да остане во клубот.

Рома и Ерменецот постигнаа договор за продолжување на соработката, со тоа што Мкхитарјан повторно бараше да биде тоа на само една година па нов договор ќе има до јуни 2022 година.

 

Се вчитува...