Млад англиски фудбалер починал во Англија во сличен случај како тој на Ериксен

Млад англиски фудбалер почина откако колабирал на терен за време на мечот од ФА младинскиот куп. Дилан Рич од Вест Бригфорд Колтс пренесен во болница со амбулантно возило, откако доживеал срцев удар и бил третиран со дефибрилатор за време на натпреварот на неговиот тим против Бостон Јунајтед. За разлика од Кристијан Ериксен кој на крајот успеа да се спаси на мечот меѓу Данска и Финска на Европското првенство, младиот Рич не успеа да ја добие оваа битка.

„Со голема тага, по настаните од четвртокот вечерта, мораме да ја објавиме трагичната смрт на Дилан Рич. Веста ги остави сите вклучени во нашиот клуб уништени од болка и со скршено срце. Нашите мисли и молитви се насочени кон неговите родители Мајк и Ана, семејството на неговата сестра Луси и Дилан, пријателите и соиграчите. Клубот би сакал да им се заблагодари на сите во Колтс и пошироката фудбалска заедница за стотиците искрени пораки и мисли што ги добивме изминатите неколку дена“, стои во соопштението од клубот.

Се вчитува...