Млад фудбалер на Монпелје заболен од Ковид-19 во критична состојба

Фудбалерот на Монпелје Жуниор Самбија се наоѓа на интензивна нега бидејќи му се влошила состојбата поради заразата од Ковид-19. Тој во понеделникот беше примен во болницата на Монпелје, а денеска неговата состојба нагло се влошила.

„Поради респираторни проблеми еден наш фудбалер е хоспитализиран. Тој прима лекарска нега и се надеваме на добри информации“, стои во соопштението од клубот. 

23-годишниот Самбија од 2017 година е член на Монпелје за кого запиша 72 натпревара на кои постигна 2 гола.

Се вчитува...