Младата репрезентација ги почна подготовките за мечот со Фарските острови (ФОТО)

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година ги почна подготовките за стартот на квалификациите за пласман на ЕП 2021.

Избраниците на Благоја Милевски на главниот терен од ФФМ тренинг центарот го одработија и првиот тренинг.

Македонија квалификациите ги почнува со натпреварот против селекцијата на Фарските острови на 10. септември. Натпреварот се игра од 16 часот на главниот терен од ФФМ тренинг центарот.

Се вчитува...