Ива Младеновска се повеќе се наметнува како значајна алка во играта на македонската репрезентација, а младата 19-годишна ракометарка верува дека под водство на новиот селектор „црвено-жолтите“ можат да стигнат до подобри резултати во периодот што следи.
„Мислам дека ова е многу добар почеток за нас и момент што ни дава добра мотивација за понатаму. Имаме нов селектор, се уште се прилагодуваме, сите работи ни се нови, но мислам дека со овој нов систем можеме да направиме многу успех. Имаме квалитет, отсекогаш сме имале квалитет, треба да веруваме во себе и со работа може да постигнеме многу. Очекуваме добри натпревари со Црна Гора и со Хрватска, но и Србија има квалитет, покажавме дека можеме да играме со секого. Имаме добра конкуренција на овој турнир, но мислам дека нема некоја преголема разлика меѓу сите екипи“, изјави Младеновска по вчерашниот триумф над Србија.
Македонските ракометарки следниот предизвик го имаат веќе денеска, во 17.30 часот ќе се сретнат со селекцијата на Црна Гора (сала „Билјанини извори“ во Охрид).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
