Младински лиги: Познат поголемиот дел од учесниците на Ф4

Изминатиот викенд во младинските категории беа одиграни повеќе од 20 натпревари во салите на „Кале“, Маџари и Дуња. Младинците ги исполнија очекувањата, одиграа одлично, а притоа беа остварени неколку убедливи победи, но и натпревари на „една топка“.

Во конкуренцијата до 14 години место на завршниот турнир обезбедија Феникс 2010, Партизан Водно Санс и Вардар, додека останатите екипи ќе разигруваат за последното место.

Во саботните натпревари МЗТ Скопје Аеродром славеше со 73-72 против Куманово, Феникс 2010 благодарение на одличната последна четвртина стигна до победа од 93-75 над Пелситер, додека Вардар славеше против Баскет КАМ со 90-80. Додека Шкупи службено го доби дуелот против Црн Дрим (20-0).

Во неделните натпревари Партизан Водно Санс славеше со 92-66 против МЗТ Скопје, Феникс беше убедлив против Шкупи (101-38), додека Вардар го доби дуелот против Навико ФМП со 79-66.

Место на завршниот турнир во конкуренцијата до 16 години обезбедија МЗТ Скопје, Работнички и Вардар, додека утре (09.06) и задутре ќе биде одлучен и последниот патник.

Во првиот натпревар Работнички славеше против Феникс 2010 со 88-72, Вардар беше преубедлив против Гостивар (124-32), додека МЗТ Скопје го доби дуелиот против Навико ФМП со 77-68.

Утре Навико ФМП ќе го пречека Феникс 2010, додека задутре ќе биде одигран и дуелот помеѓу Гостивар и Навико ФМП.

Интересно беше и во дуелите во конкуренцијата до 18 години по кои место на Ф4 турнирот обезбедија МЗТ Скопје Уни Банка, Куманово и Работнички 2.

Во првиот меч до победа од 76-49 стигна Куманово кој го совлада Партизан Водно Санс. Интересно беше на мечот помеѓу МЗТ Скопје Уни Банка и Феникс 2010 кој по блескаво второ полувреме аеродромци стигнаа до пресврт и победа од 78-72. Во последниот натпревар од денот Работнички 2 ја доби средбата против МЗТ Скопје со 79-63.

МЗТ Скопје славеше во втората елиминациска фаза со 55-53 против Партизан Водно Санс, додека утре и задутре ќе бидат одиграни натпреварите помеѓу МЗТ Скопје и Феникс 2010, односно Феникс 2010 и Партизан Водно Санс.

Во женската конкуренција за кошаркарки до 16 години место на завршниот турнир обезбедија Крива Паланка, Трокал и Бадел 1862, додека поразените клубови ќе разигруваат за последното место.

Во саботните дуели Тим Арена славеше против Шкупи со 64-43, Бадел беше убедлив против Тетова со 81-30, додека Струга 2009 славеше против Пробаскет со 54-29.

Во неделните средби Крива Паланка беше убедлива против Струга 2009 (61-38), Трокал славеше со 66-37 против Тим Арена, додека Бадел го доби скопскиот дуел против Вардар со 68-48.

Во конкуренциајта за кошаркарки до 18 години во Ф4 местото го осигураа Крива Паланка, Бадел 1862 и Шкупи. Последното место ќе биде одлучено преку бараж.

На првиот ден од турнирот Гостивар славеше до 60-8 против Про Баскет, Струга 2009 беше убедлив против МЗТ Скопје со 86-14, додека Бадел 1862 го доби дуелот против Вардар со 55-49.

Во неделните средби Крива Паланка славеше со 68-60 против Струга 2009, Шкупи го доби дуелот против Гостивар со 46-27, додека Бадел славеше со 53-28 против Трокал.

Се вчитува...