Младинскиот репрезентативец Елези за 500.000 евра со трансфер во Боависта!

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Агон Елези реализираше извонреден трансфер во еден од најславните португалски клубови, Боависта.

19-годишниот Елези кој изминатава сезонава настапуваше за албанскиот суперлигаш Скендербег од Корча, во Боависта се сели за трансфер од 500.000 евра, потпишувајќи тригодишен договор. Согласно договорот меѓу двете страни Скендербег би добил плус уште 15% од следниот трансфер на Елези.

Агон Елези фудбалски потекнува од школата на Шкупи, а претходно во досегашната своја кариера една сезона мина во младинскиот тим на француски Каен како и во второлигашот Велазерими.

Се вчитува...