Младинците на Канатларовски на поправен со Фарски Острови по лошата партија во Србија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година денеска ќе ги пречека Фарски Острови во 8. коло од Х групата за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија.

Јован Манев нема да биде во можност да му помогне на тимот поради суспензија од заработени жолти картони. Бесир Исени заработи црвен картон (два жолти) на дуелот со Србија и нема да може да му се стави на располагање на селекторот Драги Канатларовски.

Еден од нашите најдобри поединци во тековните квалификации, Марио Младеновски немаше право на настап на дуелот со Србија поради суспензијата од жолти картони. Фудбалерот на Македонија Ѓ.П. верува дека нашите фудбалери мора да покажат голема пожртвуваност и желба за победа против незгодната селекција на Фарски Острови.

„Можевме и моравме многу подобро да одиграме на дуелот со Србија. Имаме голем квалитет, но за жал тоа не го покажавме на мечот со силната селекција на Србија. Пропуштивме добра можност за освојување на бодови. Жалам што не бев во можност да им помогнам на моите соиграчи. Мораме да ги насочиме мислите кон следниот дуел со Фарски Острови, се освен победа ќе биде неприфатливо за нас. Поседуваме квалитет и тоа мора да го покажеме утре, на домашен терен и пред домашна публика. Не смееме никако да го потцениме противникот. Покажаа и докажаа дека може да бидат многу незгоден противник, успеаа да откинат бодови на една силна репрезентација на Франција која е апсолутен фаворит во групата и Србија“, вели Младеновски. 

Првиот натпревар одигран помеѓу овие две селекции во Класвик, во третото коло од квалификацискиот циклус заврши нерешено 1-1, а денешниот натпревар е закажан за во 18 часот.

Се вчитува...