Младиот репрезентативец Метју Божиновски на позајмица во Велингтон

Младинскиот репрезентативен стопер Метју Божиновски, денеска е промовиран во тимот на Велингтон Феникс во Австралија. Тој ќе мине како позајмен играч од Мелбурн Виктори, а во договорот Велингтон има право на откуп по завршувањето на сезоната.

Божиновски досега настапи на два натпревари за младата селекција на Македонија, од кои едниот квалификациски и едниот пријателски. Доби повик од тогашниот младински селектор, сегашен сениорски Благоја Милевски. Не беше дел од составот во октомвриските квалификации поради ковид протоколите во Австралија.

Се вчитува...