Младите фудбалери на ФК Кул на престижниот интернационален турнир „ФИТ 2026“ во Барселона (ФОТО)

Еден од најпрепознатливите домашни клубови за млади категории, ФК Кул од Кисела Вода со својата генерација 2015 за фудбалери до 11 години, деновиве учествува на престижниот интернационален турнир „ФИТ 2026“ во Барселона, Шпанија.

Младите фудбалери на Кул веќе се соочиија со силниот тим на Спортинг Лисабон од Португалија, а во група се заедно уште и со екипите на Академија Б од Шведска и ЦТББ од Барселона, Шпанија.

Од клубот потенцираат дека е ова огромно искуство за младите македонски фудбалери, низ желбата за континуиран развој и момент за компаративен поглед каде сме во однос на најсилните европски младински академии.

Се вчитува...