Младите го одработија официјалниот тренинг пред утрешниот дуел со Словенија во Кршко (ФОТО)

Младата репрезентација на Македонија предводена од селекторот Благоја Милевски гo одработи во Кршко официјалниот тренинг пред утрешниот пријателски натпревар со селекцијата на Словенија. Натпреварот ќе ќе се игра утре од 16 часот на стадионот во Кршко.

Избраниците на Милевски против Словенија ќе ја имаат последната тест подготовка за претстојните квалификации за пласман на Европско првенство во Романија и Грузија кои ќе почнат во септември оваа година.

Нашата млада селекција првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европско првенство во Романија и Грузија го игра против Франција на 2. септември.

Се вчитува...