Младите максимално мотивирани за позитивен резултат со Србија утре во Охрид

Младата репрезентација на Македонија ги одработува финалните тренинзи пред утрешниот втор натпревар од квалификациите за ЕП 2023 против селекцијата на Србија.

Избраниците на Драган Канатларовски се максимално подготвени за комплетно надигрување со Србија утре на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид во желбата за први бодови во квалификациите.

Првиот пораз од моќната Франција на гостувањето во Ле Ман е заборавен, а целокупната концентрација е кон пресметката со уште една повеќе од квалитетна селекција која исто така загуби на стартот од квалификацискиот циклус, со 0-1 на домашен терен од Украина.

Натпреварот меѓу Македонија и Србија од 2. коло во квалификациите за ЕП 2023 се игра утре со почеток од 16 часот.

Се вчитува...