Младите момци на Арсенал подобри од Борнмут во ФА купот

Арсенал се пласираше во осминафиналето на ФА купот на Англија откако го победи Борнмут со 1-2. Младите сили на Арсенал беа заслужни за овој триумф, а во следната рунда ривал на „топчиите“ ќе биде Портсмут.

Букајо Сака во петтата минута донесе предност за Арсенал, а вториот гол беше дело на Едвард Нкетаја во 26.минута. Борнмут стигна до почесен погодок во судиското продолжение преку Сем Сариџ.

Во второто полувреме посериозна повреда заработи дефанзивецот Шкодран Мустафи кој мораше да го напушти теренот.

Се вчитува...