Младите не планираат „бело знаме“ за мечот со Шпанците: „И ние имаме свои адути“

Младата репрезентација на Македонија втор ден низ подготовките за продолжението од квалификациите за Европското првенство и натпреварот со големиот фаворит Шпанија кој не очекува на 3. септември во Скопје.

Нескриен е оптимизмот меѓу македонските надежи иако е факт дека повеќе од тешко ќе биде да се дојде до бодови против моќните Шпанци.

„Ќе обрнеме повеќе внимание на тактичкиот дел за што подобра подготовка за мечот со Шпанија. Одигравме едно добро полувреме на гостувањето против Шпанците на првиот меѓусебен меч, па тоа треба да ни биде и патоказ како да играме и во Скопје. Не го очекуваме натпреварот со бело знаме, ќе ги очекуваме нашите шанси иако факт е дека противникот е голем фаворит. Зошто да не се надеваме на позитивен резултат? Сепак и ние имаме квалитетен тим, квалитетни играчи и стручен штаб кој знае како треба да се игра за да дојдеме до посакуваните бодови“ – вели дефанзивецот на Академија Пандев, Никола Серафимов.

Македонија по четири одиграни натпревари има 7 бода, за делба на третата позиција на табелата со селекцијата на Казахстан.

Се вчитува...