Младите против Ерменија во Ереван по прва победа во квалификациите за ЕП 2023

Младата репрезентација на Македонија денеска од 16 часот на гостувањето против Ерменија во Ереван по прва победа во квалификациите за пласман на ЕП 2023.

Во четвртиот свој квалификациски дуел, фудбалерите до 21 година желни за триумф по претходните две ремија со Србија и со Фарските острови, и поразот од Франција.

Драган Канатларовски повторно се соочува со серија проблеми и за октомврискиот прозорец поради отсуството на четворица стандардни репрезентативци. Метју Божиновски и Стефан Чолаковски поради административни Ковид-19 протоколи и ограничувања не беа во можност да допатуваат од Австралија, а поради повреда отпаднаа Агон Елези и Енис Фазлагиќ.

Сепак, меѓу младите македонски фудбалери постои оптимизам дека може да се дојде до посакуваниот триумф во Ереван.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2023 – ГРУПА Х

Ерменија – МАКЕДОНИЈА (16 ч.)

Украина – Ф. Острови (17 ч.)

Србија – Франција (18:30 ч.)

Се вчитува...