Младите со тренинг во снежни услови на Фарските острови (ФОТО)

Младата репрезентација на Македонија интензивно се подготвува за својот петти натпревар од квалификациите за ЕП 2021 против Фарските острови кој на гостински терен го играме во вторник (19. ноември) од 18 часот.

По топлата Шпанија избраниците на Благоја Милевски сега во снежни услови, на минусни температури ги одработуваат подготовките во очекување на дуелот.

Но, и покрај тоа, максимално позитивно е расположението кај македонските надежи кои веруваат дека може да се дојде до победа со која ќе се продолжи во битката за втората позиција на табелата која нуди можност за пласман на Европското првенство.

Јасно е дека Шпанија е огромен фаворит во групата за кого е загарантирано првото место, а Македонија заедно си Израел ќе води битка за второто место.

Се вчитува...