Младите триумфално минаа и во Подгорица: И втора победа во квалификациите (ФОТО)

Младата репрезентација на Македонија го продолжува победничкиот чекор во квалификациите за ЕП 2021 триуфирајќи и во вториот натпревар од Групата 6, овој пат со 1-2 на гостувањето против Црна Гора со 1-2. По убедливата победа од 7-1 против Фарските острови, составот на Благоја Милевски овој пат триумфално мина и на „ДГ арената“ во Подгорица.

Црногорците брзо дојдоа до водство на мечот со погодокот на Скендеровиќ уште во 10. минута од средбата. Но, македонската селекција експресно се врати во игра. Во 14. минута капитенот Јани Атанасов одлично изведен слободен удар за израмнување на 1-1…

Во продолжението тотално доминација на избраниците на Благоја Милевски кои редеа континуирани напади кон голот на домашните. Па во 33. минута Малешевиќ го собори во шеснаесетникот Митревски по што беше досуден пенал за Македонија. Ударот од белата точка успешно го реализираше Атанасов за водство од 1-2.

До крајот на полувремето одлична шанса имаше и дефанзивецот Личина, но неговиот обид со глава заврши само сантиметри покрај голот на Црногорците.

Во второто полувреме тактички мудра игра на македонската репрезентација која со контролирана офанзивна повторно доминираше на теренот. Останаа нереализирани убави шанси на Ристовски во 54. минута и на Јованов во 66. минута, за на крајот триумф од 1-2 со головите од првото полувреме и покрај тоа што финишот се одигра и со играч помалку по исклучувањето на нововлезениот Милош Тошески во 88. минута.

На 15. октомври во Скопје, Македонија во следниот натпревар од квалификациите ја пречекува соодветната селекција на Казахстан.

У21 – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2021

ЦРНА ГОРА – МАКЕДОНИЈА 1-2 (1-2)

„ДГ арена“ во Подгорица. Гледачи: 500. Стрелци: Скендеровиќ 10′ (ЦГ) – Атанасов 14′, 33′(п) (М). Црвен картон: Тошески 88′ (М).

ЦРНА ГОРА: Ѓукиќ, Бановиќ, Милиќ, Малешевиќ, Стијеповиќ, Марковиќ, Крстовиќ, Вукотиќ, Крниќ (46′ Бакиќ), Вучичевиќ, Скендеровиќ (57′ Ераковиќ)

Селектор: Мидраг Вукотиќ

МАКЕДОНИЈА: Јанков, Јованов, Тодороски, Руфати, Личина, Даци (64′ Ацковски), Здравковски, Атанасов (70′ Тошески), Митревски (76′ Серафимов), Чурлинов (75′ Трапановски), Ристовски

Селектор: Благоја Милевски

Се вчитува...