Младите убедливо поразени од Словенија на последниот тест пред квалификациите за ЕП

Младата репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз од 3-0 од Словенија во Кршко на последниот тест-дуел пред септемврискиот старт на квалификациите за Европското првенство.

Во максимално интересен натпревар, динамичен и со многу шанси, Словенците всушност победата ја осигураа во првите осум минути од средбата. Уште незапочнат дуелот домашните поведоа со 2-0, по наши грешки во одбраната, со головите на Матко во 2. минута и Прелец во 7. минута.

Во продолжението македонската селекција имаше три 100% шанси, но офанзивците не успеаја да ги искористат. Па, во 44. минута следеше казната и Словенија со одличниот евро-гол од 20 метри на Светлин дојде до предност од 3-0.

Во второто полувреме Македонија целосно имаше посед на топка со уште неколку одлични можности кои останаа неискористени. Дека нема да може да се постигне нешто повеќе на дуелот беше јасно во 75. минута кога неоправдано исклучување доби Илиевски по вториот жолт картон, откако се најде во судир со противнички фудбалер.

Репрезентацијата до 21 година квалификациите за ЕП ги почнува на 2. септември со пресметката против Франција.

Се вчитува...