Вистинскиот тест за новата генерација: Младите против европскиот шампион Шпанија

Младата репрезентација на Македонија со огромен мотив го очекува четвртиот натпревар од квалификациската Група 6 за пласман на ЕП 2021, против европскиот шампион Шпанија.

По проблемите со опремата на самото пристигнување во Шпанија, избраниците на Благоја Милевски се комплетно мотивирани за пресметката против големиот фаворит верувајќи дека може да дојдат до изненадување.

„Не очекува натпревар против една од најдобрите европски репрезентации. Шпанија е топ фаворит во групата, но и силен мотив за нас. Очекувајте мотивирана Македонија со цел квалитетно да им се спротивставиме на домашните фудбалери. Овие квалификации ги започнавме со добри резултати и ќе направиме се за да го продолжиме тој пат. Ветуваме голема борба и максимална ангажираност од сите во репрезентацијата“ – вели фудбалерот од средниот ред, Давор Здравковски.

Натпреварот меѓу младите репрезентации на Шпанија и Македонија се игра во Алкоркон со почеток од 19:45 часот.

На табелата во Групата 6, Шпанците се лидери во моментов со 9 бода од три натпревари, Македонија е на втората позиција со 7 бода, а Казахстан е на третото место со 7 бода од пет натпревари. Израел е четврта со 6 бода, но од само два натпревари пред Црна Гора која е со три бода од пет натпревари.

Се вчитува...