Младите ВОДАТ на полувреме против Ерменија, а можеа да имаат поубедлива предност (ВИДЕО)

Младата селекција на Македонија до 21 година, води против Ерменија на полувреме со 0:1 во Ереван во квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2023 година.

Голот за Македонија го постигна Марко Ѓорѓиевски во 25. минута. Нафрли Антовски, а Ѓорѓиевски со глава погоди во мрежата. Токму Ѓорѓиевски имаше уште најмалку две шанси да дојде до погодок, но остана само на тој едниот.

Претходно Манев имаше две шанси, најпрво голманот одбрани, а потоа ја погоди и стативата. Една шанса имаше и Ерменија, но Денковски беше на висината на задачата.

Се вчитува...