Мо Фарах и се враќа на атлетиката

Четирикратниот олимписки шампион, Британецот, Мо Фарах најави дека на 2. мај ќе учествува на трката на 10 километри на улиците на Лондон. Неверојатниот 38-годишник ги освои златните медали на трките на 5.000 и 10.000 метри на Летните олимписки игри во Лондон 2012 и Рио 2016, но не успеа да се квалификува во британската репрезентација за игрите во Токио минатата година.

На атлетски натпреварувања нема учествувано од јуни месец минатата година, бидејќи се опоравуваше од повредата на стапалото. Се појавија шпекулации дека еден од најдобрите атлетичари на долги дистанци сака да ја заврши кариерата, но тој сето тоа сега го демантираше.

„Напорно тренирав за повторно да бидам во врвна форма по повредата. Имам уште неколку месеци тешка работа пред себе. Имам мотив и цел и со нетрпение го чекам моето враќање“, изјави Фарах. 

На трките на улиците на Лондон тој досега има седум победи.

Се вчитува...