Ливерпул ја продолжува трката за шампионската круна со Манчестер сити откако славеше со 2-0 во дерби пресметката од 34. коло во Премиерлигата против Челси.
На дуелот на „Енфилд“, избраниците на Јирген Клоп до водство дојдоа со погодокот на Мане во 51. минута од средбата…
Но, моментот на мечот следеше во 53. минута кога Мохамед Салах со „проектил“ од 20 метри, постигнувајќи прекрасен погодок, ги постави конечните 2-0.
Ливерпул, по овој триумф, повторно е на врвот со 85 бода, два повеќе од второпласираниот Манчестер сити кој има и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА