Мобилизација на „Чкембари“: Без разлика на се, нема оставање на Пелистер!

И покрај тоа што сосема е јасно дека повеќе од тешка задача го очекува Пелистер на реванш дуелот од 1. квалификациско коло за Лигата на Европа по оној пораз од 4-0 од Лех Познањ во Полска, неговите најверни навивачи „Чкембарите“ ниту во една ситуација не размислуваат за оставање сами на своите миленици.

Токму затоа е и мобилизацијата на „Чкембари“ за патување во Струмица на утрешниот натпревар кој се игра со почеток од 17 часот на стадионот „Младост“.

ckembari

Според најавите се очекува околу 1.000 „Чкембари“ да присуствуваат на дуелот во Струмица против Лех, во желбата да се даде максимална поддршка на својот тим да стигне до триумф на пресметката со Полјаците.

„Знаеме дека минимални се шансите за пласман во следната рунда натпревари, но секако сакаме ако ништо друго барем со победа да се збогуваме од Европа“ – велат „Чкембарите“.

Се вчитува...