Модриќ би ги менувал трофеите во ЛШ за мундијалски успех со Хрватска

Хрватската фудбалска репрезентација в недела ќе се бори против Франција за светската титула. На Мундијалот во Русија „коцкестите“ го направија досега најголемиот репрезентативен успех. Лидерот на екипата, Лука Модриќ кој е дел од Реал Мадрид, најуспешниот состав во Лигата на шампионите, вели дека би ги дал трофеите од елитното натпреварување за успех со Хрватска во финалето.

„Би ги менувал сите четири титули од шампионската лига за оваа победа. Ова веќе секако е огромен успех, но сакаме повеќе, сакаме да бидеме светски прваци. Силни сме и подготвени, имаме самодоверба, покажавме и карактер“ – вели Модриќ.

Хрватска и Франција се сретнаа во полуфиналето на Мундијалот во 1998. „Триколорите“ тогаш беа поуспешни.

„Го паметам тој пораз и сите голови. Бев многу тажен. Сега е моментот да возвратиме за тој неуспех“ – се сеќава Модриќ.

На петте одиграни меѓусебни дуели со Франција, Хрватите немаат ниту една победа, последните два меча завршија реми.

Се вчитува...