Модриќ делириум на тренингот на Реал Мадрид: Уживам бидејќи не знам уште колку ќе трае…

Реал Мадрид се одлучи за гест кој наиде на голема поддршка од навивачите на славниот клуб. По повод Божиќните и Новогодишните празници „кралевите“ ги отворија вратите на тренингот на тимот на кој присуствуваат повеќе од шест илјади фанови.

Главни ѕвезди на истиот беа Џуд Белингхам, Винисиус Џуниор и Лука Модриќ. Хрватот даваше и изјава за клупската телевизија за која вели дека сака да ужива во секој момент поминат во Реал Мадрид бидејќи не знае колку долго ќе трае тоа.

„Зборев и со соиграчите, ни требаат повеќе вакви отворени тренинзи. Уживаат навивачите, уживаме и ние и мислам дека тоа е најважно. Љубовта на навивачите и децата која ја чувствуваме е нешто најдобро што може да ни се случи“, изјави Модриќ кој потоа беше запрашан и за плановите кои ги има.

„Мојот план е да продолжам да испишувам историја тука во Реал Мадрид. Да продолжиме со победите, трофеите и се надевам дека ќе успееме во тоа и оваа сезона. Се надевам дека ќе уживам во секој момент бидејќи не знам колку долго ќе трае ова во најдобриот клуб на светот“.

Се вчитува...