Модриќ или Варан, еден ќе ги обедини двата најпосакувани пехари во фудбалот

Тоа што е во клупскиот фудбал е трофејот во Лигата на шампионите, уште повеќе, со оглед дека се одржува на секои четири години, е пехарот „Жил Риме“, кој се доделува на победникот на Мундијалот. Малкумина фудбалски среќници имале можност во иста година да ги обединат двете титули. Само осуммина, а по денешното големо финале вна „Лужњики„ во Москва, друштвото ќе го добие деветтиот член. Лука Модриќ или Рафаел Варан, прашање е сега…

Двајцата фудбалери со Реал Мадрид го освоија трофејот во Лигата на шампионите. Сега се на различни страни, секој во дресот на сопствената држава, и ќе се борат за најпрестижниот пехар во фудбалот.

Еве ги најголемите среќници…

1974 година…Сеп Мајер, Паул Брајтнер, Ханс – Герг Шварценбек, Франц Бекенбауер, Герд Милер и Ули Хенес (Баерн Минхен и Западна Германија)

1998 година…Кристијан Карембу (Реал Мадрид и Франција)

2002 година…Роберто Карлос (Реал Мадрид и Бразил)

Во дресот на Хрватите двете титули може да ги освои и Матео Ковачиќ. Но, тој не беше актер на финалната средба меѓу Реал Мадрид и Ливерпул (3-1) во Киев. Оттаму и не е земен во предвид, иако секако ќе биде освојувач на двата трофеи. Истото се случи и со Сами Кедира пред четири години. Тој го освои трофејот во Лигата на шампионите, но се повреди пред финалниот меч на СП меѓу Германија и Аргентина, а „панцирите“ го грабнаа трофејот со голот на Марио Геце.

Се вчитува...