Модриќ ја доби капитенската лента во Реал: Не можев ни да замислам дека еден ден ќе ја имам оваа чест

Лука Модриќ го продолжи договорот со Реал Марид и ќе настапува за шпанскиот гигант и во 13-тата сезона во низа. Хрватот притоа ќе стане и првиот капитен на „кралскиот клуб“.

За Модриќ тоа е голема чест, но и одговорност, како што вели самиот.

„Тоа е голема одговорност. Кога гледате кој се бил капитен на Реал Мадрид низ историјата тоа е нешто посебно и фантастично. Многу сум среќен што ќе го претставувам Реал како капитен. Никогаш не мислев дека ќе бидам тука каде што сум денеска. Добрата генетика си ја заврши улогата. Младите играчи секој ден ме тераат да бидам подобар и поспремен. Не можете да се опуштите. Тренирам и надвор од клубот, се грижам за себе си и правам се што е во моја можност да бидам подготвен и на овие години. Подготвен сум за тоа што ме чека“, вели Модриќ.

Се вчитува...