Модриќ ја открива тајната за успехот на Хрватска: Селекторот Далиќ ни ја врати самодовербата

Фудбалската репрезентација на Хрватска го игра најважниот натпревар во историјата. На „Лужњики“, денеска со почеток во 17 часот, „коцкестите“ ќе се борат за да станат бесмртни, да останат запишани како генерација која засекогаш ќе ја нарекуваат – златна. Против себе за ривал ќе ја има селекцијата на Франција, која ја предводи Дидие Дешамп, „златниот“ од пред 20 години.

Лука Модриќ, капитенот на Хрватска, ја открива тајната на успехот на неговата репрезентација. Вели, дојде Златко Далиќ и ни ја врати самодовербата. Сега се веќе победничка машинерија.

„Дојде во еден тежок момент. Кога беше неизвесен и самиот настап на Светското првенство во Русија. Ни ја врати самодовербата, вербата дека можеме да бидеме и најдобри. Ни покажа дека и понатаму сме добри и големи фудбалери. Ни донесе мир и сега сме повторно победници. Најмногу ни се допаѓа неговата искреност, пристапот кон секој играч. Пресреќни сме што е со нас. Ги покажа своите вредности и како тренер и како личност. И најважна од се е нашата девиза…Сите ние сме Хрватска!“, откри Лука Модриќ во пресрет на денешното големо финале на Мундијалот.

Се вчитува...