Модриќ му ја открил на Перез својата желба

Лука Модриќ и во следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид.

Не е познато дали шпанскиот великан ќе биде последната станица во неговата играчка кариера, но медиумите од оваа земја пишуваат дека тоа е желба на Модриќ.

„Претседателе, сакам такво збогување како што доби Крос“, наводно му рекол Модриќ на Перез на состанокот пред летот за Хрватска.

„Модриќ му ја откри најголемата желба на Перез“, пишуваат шпанските медиуми и откриваат дека кралскиот клуб нема ништо против хрватскиот играч за врска да добие ист третман како споменатиот Крос, кој заминува во пензија по ЕП во Германија.

Се вчитува...