Moдриќ на емотивен начин му посака среќна пензија на Марсело

Легендата на Реал Мадрид, Марсело на 37 години ја заврши одличната кариера во која за 15 години освои 25 трофеи.

Како симбол на кралскиот клуб, Марсело одигра 546 натпревари од 2007 до 2022 година, ги освои сите и беше првиот странски капитен од 1904 година. По него лентата ја презеде Лука Модриќ кој го надмина и по бројот на трофеи.

Модриќ се поклони на својот долгогодишен соиграч и пријател по повод неговото пензионирање на Инстаграм.

„Имашее легендарна кариера, споредлива само со најдобрите во светот. Многу сум среќен што толку долго ја делев соблекувалната со тебе и уживав во тоа што славевме толку многу триумфи заедно во Реал Мадрид. Ти посакувам се најдобро во твоето ново поглавје. Те сакам“, напиша Модриќ.

Се вчитува...