Модриќ добил неморална понуда од Дејвид Бекам

Дејвид Бекам кој е сопственик на новата фудбалска франшиза во МЛС лигата, Мајами сака да го доведе хрватскиот интернационалец, Лука Модриќ во своите редови. Шпанските медиуми пренесуваат дека Лука Модриќ во Мајами би можел да заработува неверојатни 20 милиони долари годишно. Тоа е двојно поголема плата од таа што ја заработува во моментов во Мадрид.

Новата сезона во МЛС почнува за еден месец, а Дејвид Бекам е во очајна потрага по голема ѕвезда која би го водела клубот во првата историска сезона. Втората голема ѕвезда која сака да ја доведе Бекам во својот клуб е Уругваецот, Единсон Кавани. Кавани по секоја цена сака да замине од ПСЖ, но тоа не му успеа во последниот преоден рок.

Се вчитува...