Модриќ: Одлучив дали ќе играм за Хрватска во иднина, но…

Хрватска пропушти голема шанса да се закити со трофеј откако во финалето на Лигата на нации загуби од Шпанија која во драматичен натпревар на кој немаше победник по регуларниот дел и продолженијата славеше по изведување на пенали.

Поразот тешко го поднесе Лука Модриќ кој по натпреварот повторно доби прашање да говори за иднината на репрезентативната кариера, но одби да даде одговор.

„Одлучив дали ќе играм за Хрватска во иднина, но нема да говорат сега за тоа“, изјави еден од најдобрите хрватски фудбалери.

Се вчитува...