Манчестер сити убедливо со Фулам за преземање на врвот во Премиерлигата (ВИДЕО)

Манчестер сити го презеде врвот во Премиерлигата откако убедливо со 0-4 триумфираше на гостувањето против Фулам во 36. коло од англискиот шампионат.

„Граѓаните“ победата ја најавија уште во 13. минута со голот на Гвардиол.

Во второто полувреме, најпрво Фоден во 59. минута зголеми на 0-2, а потоа Гвардиол во 71. минута донесе и 0-3.

Алварез од пенал во 97. минута ги постави конечните 0-4.

Се вчитува...