Модриќ по драматичната победа на Реал Мадрид: Ништо не е случајно

Реал Мадрид славеше со 3-2 во големото шпанско дерби против Барселона благодарение на голот на Џуд Белингем во 92. минута од средбата, зголемувајќи ја предноста пред второпласираниот тим на 11 бодови со што стигна на чекор до нова титула во Ла Лига.

Одличен натпревар во „белиот“ дрес одигра Лука Модриќ, 38-годишниот Хрват кој со капитенската рака од првата до последната минута го предводеше својот тим на теренот забележувајќи 79 допири со топката, 89 отсто успешност во додавањата со едно клучно додавање и пет од пет во обидите за долги топки.

По натпреварот Модриќ говореше за медиумите каде изјави дека ваква победа воопшто не е случајност кога станува збор за Реал Мадрид.

„Со оваа победа се приближивме со целта, не доведе чекор поблиску до нова титула. Фантастична вечер и одлична тимска игра. Ни во еден момент не престанавме да веруваме. Два пати заостанувавме, но истрпевме. Игравме добро, притискавме. Ова беше неверојатна вечер, како и многу други во Мадрид“, изјави Модриќ кој потоа говореше и за победничкиот менталитет на тимот.

„Покрај квалитетите кои мора да ги имате, станува збор за неверојатна верба и квалитет. Тоа не е случајност. Кога многу пати ќе се најдете во ситуација во која сме се нашле ние, се говори на тоа дека овој тим има нешто што не тера напред, а со овие навивачи тоа е лесно. Многу сме среќни и сме благодарни на публиката. Атмосферата беше спектаклуларна. Имаме 11 бодови предност и блиску сме до освојување на првенството“

Се вчитува...