Модриќ револтиран: Ова што ни се случи е недозволиво

Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ го искажа своето незадоволство по вчерашното реми на хрватската репрезентација против националниот состав на Финска.

„Ова што ни се случи е недозволиво. Не можам да објаснам зошто се мачевме против репрезентации како што се Финска и Косово, без навреда, требаше лесно да ги совладаме. Ситуацијата е катастрофална, но се уште имаме шанса“, изјави Модриќ.

Хрватската репрезентација вчера не издржа на средбата против Финска на градскиот стадион во Ријека, примија гол во последните минути за конечен исход од 1-1. „Коцкестите“ сега ќе мора да бркаат победа против Украина, во случај на реми Хрватска ќе биде второпласирана репрезентација во групата И од квалификациите за СП поради подобрата гол разлика, но нерешен резултат не би им одговарал бидејќи постои можност да бидат најслабо рангирана репрезентација за баражот.

Се вчитува...