Moдриќ со емотивно писмо до Тони Крос

Веста на вчерашниот ден во фудбалскиот свет е објавувањето на крајот на кариерата на Тони Крос, еден од најдобрите фудбалери во овој век. Лука Модриќ му испрати порака на својот долгогодишен соиграч во Реал Мадрид по објавата дека заминува во пензија.

Модриќ и Крос се заедно во Реал од 2014 година. Во овие 10 години заедно, контролирајќи ја средината на теренот, тие освоија четири Ла Лига, Купот на Кралот во 2023 година, четири шпански Суперкупа, четири Лига на шампиони и играат во финале по петти пат (Модриќ има уште еден со Реал), три европски Суперкупа и дури пет светски клупски првенства.

„Тешко ми е додека ги пишувам овие зборови. Фудбалскиот свет е тажен затоа што си оди голем фудбалер. Ти се восхитувам и многу сум тажен. Човеку, ти си легенда на овој спорт и на Реал Мадрид. Навистина уживав да си играм со тебе. Неверојатно беше да го делам теренот со тебе. Имаш квалитети кои те прават уникатен и посебен фудбалер. Нема да има друг Тони Крос. Незаборавни европски ноќи, титули, магијата на „Бернабеу“… Нема да го заборавам ова златно доба на клубот и нашите животи. Освоивме се, но ни останува уште еден. Ајде да ја земеме 15. титула. Ќе ми недостигаш пријателе“, напиша Модриќ.

Се вчитува...