Модриќ: Вакво нешто не сум почувствувал… можеме и до титула!

Според могумина Лука Модриќ е убедливо најдобриот фудбалер на Светското првенство во Русија, заокружувајќи ја извонредната сезона на најдобар можен начин.

Но, наспроти сите клупси успеси со Реал Мадрид, Модриќ вели дека тоа што се случува во националниот дрес не може никако да се спореди. Ова е неверојатно чувство кое не се опишува со зборови.

„Одигравме феноменално по примениот гол. Комплетно ги надигравме, посебно во вториот дел, иако пред мечот се шегуваа со нас дека сме биле уморни, физички неспремни… Штета што повторно мораше да играме продолженија, но ете не дојдоа пенали. Покажавме карактер, трипати се враќавме од резултатски минус и верувавме дека и сега можеме“ – вели Модриќ, и дополнува:

„Но, не сакаме да останеме само на ова. Не дававме никакви еуфорични изјави, бевме скромни од почетокот на првенството и одевме чекор по чекор. Но вербата беше голема во нас. Од кога играм фудбал не сум почувствувал вакво нешто. Носам некоја огромна верба во себе, во соиграчите, која ми дава сила и за финалето.“

Се вчитува...