Модриќ влезе во аналите – Најстар фудбалер со асистенција на СП!

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ официјално стана најстариот асистент на Светското првенство, од 1966 година, кога се следи таа статистика.

Во 83. минута, во победата над Гана (2-1), со која „коцкестите“ се пласираа нокаут фазата на Светското првенство, Модриќ изведе корнер по кој Никола Влашиќ го постигна победничкиот гол со глава, а на 40-годишна возраст стана најстариот играч во историјата на Светските првенства што забележал асистенција.

На самиот крај од мечот, капитенот на Хрватска успеа да го спречи израмнувањето на Гана со пожртвувана реакција во сопствениот шеснаесетник, со што го зачува второто место на својата репрезентација во Групата Л.

 

Се вчитува...