Модриќ во трка со времето за „Ел Класико“

Повредата што Лука Модриќ ја заработи на квалификацискиот меч меѓу Велс и Хрватска не е наивна, па плејмејкерот на Реал Мадрид ќе го пропушти претстојниот натпревар со Мајорка.

„Кралевите“ вечерва објавија дека станува збор за проблем со квадрицепсот на ногата, поради која Модриќ не тренираше со остатокот од тимот во текот на денешниот ден. За среќа не станува збор за кинење на мускулот, но Хрватот ќе треба да мирува викендов, за да си ги зголеми шансите за настап на големото дерби со Барселона што е на програмата на 26 октомври.

Добра вест за Зидан е што Тони Крос почна да тренира со топка, па германскиот ас речиси сигурно ќе се врати во тимот против Мајорка.

Се вчитува...