Мохамед Салах ја доби наградата за најдобар играч на годината во Премиер-лигата

Мохамед Салах е добитник на наградата за најдобар играч за 2021 година во изборот на навивачи. Напаѓачот на Ливерпул минатата година ја доби истата награда. Играчите за оваа награда се номинирани од фудбалски новинари од Англија, а навивачите преку социјалните мрежи гласаат за најдобрите.

Годинава во гласањето учествуваа околу 140.000 луѓе, а Салах втора година по ред е избран за најдобар.

Ова е листата на првите десет во изборот на навивачи заедно со Салах се според бројот на освоени гласови: Деклан Рајс, Бруно Фернандез, Фил Фоден, Едуард Менди, Мејсон Маунт, Рубен Дијаз, Кевин де Брујн, Џорџино и Жоа Кансело.

Се вчитува...