Мојес: Не згрешив што го внесов Нобл да го шутне пеналот…

Дејвид Мојес застана во одбрана на сопствената одлука во самиот финиш да го уфрли Марк Нобл во игра за да го изведе клучниот пенал што можеше да донесе израмнување.

Нобл премногу ретко добива шанса сезонава, веќе објави дека следното лето ќе замине во пензија, а Мојес реши незагреан да го уфрли во игра откако главниот судија покажа на белата точка по играњето со рака на Лук Шо. Нобл немаше промашено ниту еден од последните 40 пенали, последен пат не беше прецизен во декември 2016, но попладнево не успеа да го совлада Де Хеа, по што најголем дел од критиките беа упатени кон Мојес.

„Дали жалам? Воопшто не жалам и мислам дека не згрешив… се случи тој да промаши пенал, но некогаш работите не одат онака како што посакувате. Видов дека е пенал и додека ВАР-судиите разгледуваа решив да го уфрлам Нобл. Ако не влезеше тој, а некој друг играч го промашеше пеналот, е тогаш ќе ми беше жал што не сум решил Нобл да влезе и да шутира. Неговите бројки до ова промашување беа неверојатни, жалам што серијата не му продолжи, но не и што го уфрлив да шутира“, изјави Дејвид Мојес.

Се вчитува...